ЧПП

Често поставувани прашања

За да нарачате производ треба да бидете претходно регистрирани и најавени на printstanica.mk. Нарачки за производи се примаат 24 часа секој ден, во согласност со условите и правилата на printstanica.mk. Испорачувањето на нарачките се врши во рамки на работното време на printstanica.mk (пон-саб од 08-16ч). Сите испораки се вршат во градови и населени места во Р.Македонија.

Наплатата на производ може да се оствари на два начина:

• во готово (при испораката на нарачката на адресата за испорака)
• вирманско плаќање со општа уплатница или со Интернет банкарство

Плаќање при испорака на нарачката:
Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извршува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адресата, курирот е должен да остави известување за пратката.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:
Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката.
Потоа можете да ја извршите уплатата преку Интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со општа уплатница во најблиската банка или пошта.
По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака.

Доставата е бесплатна за сума на нарачката поголема од 3000 ден. Во спротивно се наплаќа 130 ден. Испораката на домашна адреса ја врши поштенска/карго служба.

Нарачките со адреса на достава во Струмица, во најголем број од случаите пристигнуваат во рок од 5 часа, доколку нарачката е процесирана до 11 часот истиот ден, доставата ќе се одложи доколку производот го нема во магацин. Доколку адресата на достава е друг град / населено место, надвор од Струмица, рокот на испорака е до 3 дена, за малите населени места испораката може да се оддолжи. За време на празници и неработни денови не се врши испорака.

За било каква забелешка или рекламација во врска со испорачаните производи можете да не исконтактирате на телефон 075-259-062 ; или преку е-пошта на printstanica@gmail.com Враќањето на производите или средствата се врши според веќе утврдената политика на испорака и условите/правилата на користење.

X